Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост
- Нема причина да создаваме чувство на поголема опасност кај граѓаните, посочи портпаролот на грчката Влада – Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите и појасни дека Владата, преку Министерството за надворешни работи, внимателно ги следи случувањата во Иран и на Блискиот Исток.
- Во однос на објектите, инфраструктурата, се преземаат вообичаените безбедносни мерки.