Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата
- Како министер за внатрешни работи на Република Косово, денес донесов одлука со која ја прогласувам Снежана Пауновиќ за персона нон грата, непосакувано лице, со трајна забрана за влез или транзит низ Република Косово.
- Свекла додаде дека секој обид за оживување на идеологиите поврзани со етничко чистење или закани против Република Косово „ќе наиде на цврст, правен и институционален одговор“.