Запленети 120.000 цигари и 4,5 килограми тутун за наргиле на аеродромот во Миконос
- Во багажот на двајца патници, кои од Каиро преку Атина, стигнале на аеродромот на грчкиот остров Миконос биле пронајдени и запленети 120. кутии и 4,5 килограми тутун за наргиле, спакуван во пакувања од по 50 грама, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.
- По добиени информации и спроведена анализа на ризик, инспекторите на царинската служба на Миконос запреле за контрола двајца патници кои патувале од Каиро за Миконос, со попатна станица во Атина, а во нивниот багаж биле откриени тутунските производи.