Ешерихија коли во водите на хрватска плажа
- Според соопштението на Дубровничко-неретванската жупанија, при редовното испитување на квалитетот на морската вода е утврдено зголемено присуство на бактеријата Ешерихија коли (Escherichia coli), што укажува на краткотрајно фекално загадување.
- Надлежните служби најавија дека ќе продолжат со повторно земање мостри од морската вода сè додека не се потврди дека загадувањето е целосно отстрането.