Директорот на албанската полиција: Само мал дел од приведените се студенти
- Само мал број од приведените во првите денови од протестите во Албанија се студенти, изјави генералниот директор на албанската полиција, Скендер Хита, на денешната прес-конференција во Тирана.
- Полицијата го гарантира уставното право на секој граѓанин, студент или политичка сила да протестира мирно, но протестот не може да биде штит за насилство и уништување имот“, рече генералниот директор на полицијата.