Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
- Поради новиот топлотен бран, проследен со јужен и југозападен ветер, метеоролошките услови за гаснење на пожарите значително ќе се влошат, предупреди денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ).
- Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во Специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај Краљево, каде што има повеќе активни жаришта.
- Пожарникарите низ цела Србија се борат со десетици пожари кои се разгореа со денови, едно лице загина а неколку се повредени за време на гаснењето, додека метеоролозите предвидуваат нов топлотен бран што почнува од средата, кој ќе биде придружен и со ветер.
Извори
-
Пожари ширум Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
Извор: netpress.com.mk
-
Десетици пожари беснеат низ Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
Извор: kurir.mk
-
Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
Извор: republika.mk