DAY.MK

обновено 14:32, 22.11.2026

Девет од десет Грци имаат интернет во нивните домови – шест од десет користат ВИ алатки

пред 45 часа • 3 извори
Девет од десет Грци имаат интернет во нивните домови – шест од десет користат ВИ алатки

Кратко

  • Во однос на вештачката интелигенција, резултатите покажуваат дека 60,2 отсто од лицата на возраст од 16 до 74 години користеле некоја од алатките за вештачка интелигенција „за создавање различни видови содржини, како текстови, слики, програмски код или видео“.
  • Од оние кои користеле некоја од алатките за вештачка интелигенција, 96,9 проценти тоа го сториле од приватни причини, додека 38,1 отсто ги користеле за професионални цели.
  • Од друга страна, останатите четворица од десет анкетирани (39,8 проценти), кои не користеле ниту една алатка за вештачка интелигенција, најголем дел, односно 58,4 отсто одговориле дека немале потреба од користење на ваква технологија, 25,2 проценти изјавиле дека не знаат како да ги користат, а само 8,5 отсто не знаеле дека воопшто постојат.

Повеќе статии