Дачиќ: Во Белград е извршен терористички напад врз полицаец
- Во Белград синоќа беше извршен терористички напад врз припадник на полицијата кој ја обезбедувал израелската амбасада, а српските власти го подигнаа нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, изјави српскиот министер за внатрешни работи во технички мандат Ивица Дачиќ.
- Според Дачиќ, напаѓачот кој е малолетник и чиј идентитет се уште не е утврден, го нападнал полицаецот со два ножа извикувајќи „Алаху акбар“.