Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји
- Од грчката полиција соопштија дека станува збор за повеќечлена криминална организација, чии членови се занимавале со трговија со луѓе, во форма на трудова експлоатација, како и со олеснување на влез и незаконски престој на државјани од трети земји на територијата на Грција.
- По влезот во земјата, странските државјани биле сместувани во делови на Крит, но и во централна Грција и Атика, а членовите на криминалната организација ги задржувале пасошите за да имаат целосна контрола над нив.