Грција и Франција го обновија договорот за стратешко партнерство во одбраната и ја зајакнуваат соработката во низа области
- Договор за обновување на стратешкото партнерство за соработка во одбраната и безбедноста меѓу Грција и Франција, како и уште осум други договори со кои се зајакнува и проширува соработката меѓу двете земји, беа потпишани по средбата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон, јави дописничката на МИА од Атина.
- Францускиот претседател посочи дека „сојузништвото меѓу двете земји што денеска дополнително се зајакнува, може само да ја зајакне Европа“.