Грција и Кипар и ова лето ќе се поврзат со редовна бродска линија
- Бродската линија меѓу Грција и Кипар, по пауза од над 20 години одново беше воведена во јуни 2022 година.
- Грција и Кипар и ова лето, петтата година по ред, ќе се поврзат со директна бродска линија, траектите ќе сообраќаат од крајот на мај до 1 септември, а цените за патувањето што трае околу 31 час се непроменети од лани и почнуваат од 41 евро во еден правец, јави дописничката на МИА од Атина.
- Според кипарските медиуми, за патување во еднокреветна кабина цената за едно лице е 76,08 евра во еден правец, а повратниот билет чини 152,16 евра, во двокреветна кабина е 71,08, односно 142,16 евра, додека за четирикреветна билетот е 66,08 и 132,16 евра.
Извори
-
Грција и Кипар и ова лето ќе се поврзат со редовна бродска линија
Извор: kurir.mk
-
Грција и Кипар и ова лето ќе се поврзат со редовна бродска линија
Извор: brif.mk
-
Грција и Кипар и летово ќе се поврзат со редовна бродска линија
Извор: netpress.com.mk