Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата
- Во три одделни полициски операции во окрузите Истанбул и Ескишехир, во текот на изминатите 24 часа, приведени се вкупно 42 службеници од општини управувани од турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) под обвинение за корупција.
- Утрово во Истанбул беа спроведени две одделни операции – една против Големата општина Истанбул, при што се приведени 12 лица под обвинение за местење тендери, и една против истанбулскиот округ Ускудар, во која вкупно седум општински службеници беа приведени под обвинение за корупција и поткуп.