Во пожарот во Сивири изгореа околу 250 хектари
- Во пожарот што во четвртокот го зафати поширокиот регион на Сивири на првиот крак на Халкидики, вкупната опожарена површина изнесува 248 хектари, според податоците од европската програма „Коперникус“, врз основа на снимката направена вчера во 18 часот, јави дописничката на МИА од Атина.
- Пожарот беше во шумскиот дел над Сивири и не го зафати грчкото туристичко место, меѓутоа превентивно беа евакуирани жителите и посетителите, додека пак од вчера е целосно изгасен.
Извори
-
Во пожарот во Сивири на првиот крак на Халкидики изгореле околу 250 хектари
Извор: brif.mk
-
Во пожарот во Сивири изгореа околу 250 хектари
Извор: republika.mk