Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
- Од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во регионот на градовите Кожани и Агринио за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, при што уапсени се 13 лица, кои нелегално се стекнале со над 2,5 милиони евра, информираа од полицијата.
- Минатата седмица, за скандалот со европските земјоделски субвенции, во две одвоени акции спроведени во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, како и во делови на островот Крит беа уапсени вкупно 39 лица за нелегална корист од над 7 милиони евра.
- Акцијата ја спроведува Одделот за борба против економски криминал во рамките на Дирекцијата за борба против организиран криминал, со цел разбивање на криминална организација вклучена во измами на штета на финансиските интереси на Европската Унија и во давање лажни изјави.
Извори
-
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Извор: faktor.mk
-
13 лица уапсени во Грција за измама со земјоделски субвенции од ЕУ, осомничени дека добиле над 2,5 милиони евра
Извор: mk.tv21.tv
-
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Извор: brif.mk