Брнабиќ смета дека односот на ЕУ кон Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
- Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на денешната меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Македонија, која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите, е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ.
- Тоа е толку нефер што не може никому во светот да му се објасни.