Адвокатка тврди: Триесетина лица упаднале на избирачко место во Србија и ги нападнале присутните
- Околу 30 лица упаднале на избирачкото место број 27 во Дољевац, Србија, каде што физички ги нападнале присутните и го попречиле гласањето, тврди адвокатката и политичка активистка од Ниш, Драгана Милутиновиќ, во изјава за телевизијата Н1.
- Според нејзините наводи, пред избирачкото место имало полиција, но полициските службеници не интервенирале за да ги спречат нападите и да обезбедат непречено одвивање на гласањето.