13 лица уапсени во Грција за измама со земјоделски субвенции од ЕУ, осомничени дека добиле над 2,5 милиони евра
- Од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во регионот на градовите Кожани и Агринио за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, при што уапсени се 13 лица, кои нелегално се стекнале со над 2,5 милиони евра, информираа од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.
- Минатата недела, во контекст на истиот скандал со европските земјоделски субвенции, во две одделни операции во Солун, Кукуш, Серес, Атина и делови од островот Крит, беа уапсени 39 лица за нелегални бенефиции поголеми од 7 милиони евра.