Путин прифатил дел од предлозите на Трамп за смирување на конфликтот во Украина
World 3 извори
Кратко
- Рускиот претседател Владимир Путин со разбирање прифати дел од предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп, изнесени за време на нивниот вчерашен телефонски разговор, а кои се однесуваат на деескалација на конфликтот во Украина, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Путин, исто така, му го пренел на Трамп ставот на иранската страна за можно решавање на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран, претходно усогласен со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, соопшти Песков.
- Во текот на разговорот, претседателот на Русија со разбирање прифати некои предлози од американска страна за чекори насочени кон деескалација - изјави Песков, додавајќи дека, токму на иницијатива на Трамп, најголемиот дел од разговорот бил посветен на Украина.
Извори
- Путин прифатил дел од предлозите на Трамп за смирување на конфликтот во Украина faktor.mk
- Кремљ: Путин покажа разбирање за дел од предлозите на Трамп за деескалација во Украина novamakedonija.com.mk
- ПЕСКОВ: Путин со разбирање прифати дел од предлозите на Трамп, од вчерашниот телефонски разговор, за деескалација во Украина denesen.mk
Ова е архивирана верзија на веста.