Москва: Подготвени сме да употребиме нуклеарно оружје за да ја одбраниме Федералната држава
- Русија и Белорусија се подготвени да ги употребат сите расположиви средства, вклучително и нуклеарно оружје, за да ја заштитат Федералната држава, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин.
- Тој изјави дека воената и безбедносната соработка меѓу Москва и Минск постојано се подобрува и дека двете земји остануваат подготвени да ги користат „сите средства“ за да ја зачуваат својата безбедност, порачуваат тие преку руски Спутник.