Академик на протестот во Белград: „Власта ја уништува Србија, студентите ќе победат“
- Академикот и професор на Хемискиот факултет, Радомир Стаичиќ, на протестот на плоштадот Славија во Белград остро ја критикуваше српската власт, обвинувајќи ја дека го урива правниот поредок, универзитетите, културата и достоинството на граѓаните.
- Србија и понатаму робува на бахата и дрска власт која го уништува правниот поредок, Универзитетот, културата, екологијата и земјоделството, а воздухот, шумите и полињата ги претвора во депонии“, порача Стаичиќ.