Ен-би-си: Пентагон подготвува нова нуклеарна стратегија за евентуален конфликт со Русија и Кина
- Високорангиран претставник на Министерството за одбрана изјави за Ен-би-си дека ставот на Пентагон е дека на Соединетите Американски Држави „им се потребни кредибилни нуклеарни опции“.
- Висок помошник во Конгресот, кој е запознаен со предлогот за новата стратегија за нуклеарно вооружување, изјави за Ен-би-си дека е тешко да се замисли студија што е повеќе во согласност со ставот што го изнесе претседателот Трамп дека нуклеарното одвраќање на САД повторно треба да стане големо.