АКО ЕУ НЕ СЕ ШИРИ, НЕКОЈ ДРУГ ЌЕ ГО СТОРИ ТОА Јанша повика Брисел да ги исполни ветувањата за Западен Балкан
- Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека проширувањето на Европската Унија на Западен Балкан е од стратешко значење за иднината на Европа и порача дека ЕУ мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кандидати.
- Тој наведе дека идната улога на Европа во светот ќе зависи од тоа како ќе одговори на четирите стратешки предизвици – безбедноста, отпорноста, демографијата и кредибилитетот.