Заборски: За неуспехот на Македонската сениорска карате репрезентација на европското сениорско првенство
- Женскиот тим во кумите иако на последното европско првенство имаше шанса да се бори и за медал, селекторот со својот избор, го растури тој тим.
- Македонското карате, голем временски период беше спорт број еден во Македонија, овој спорт донесе најмногу медали, вкупно 95 освоени медали од учествата на европски и светски официјални првенства, имаме таленти, клубови и докажани тренери и поединци кои се сега разочарани и демотивирани за стручна работа.