(Фото) По децении запуштеност почна чистење на Железничката станица во Скопје
- Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша:„По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје.
- Процесот на враќање на нормалниот изглед на железничката станица нема да е лесен процес, но да почнеме денес П. С. Во склоп на објектот има станица на МВР, и нив им благодариме за секојдневната соработка и помош,”- објави Ивановски.