„Орце Георгиевски го гази Деловникот и ја замолчува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот“, вели Цаневска Арсовска
- Советничката група на СДСМ во Град Скопје обвини дека градоначалникот Орце Георгиевски и владејачкото мнозинство го кршат Деловникот и ја задушуваат дебатата во Советот, претворајќи ги седниците во еднонасочни монолози без можност опозицијата да реплицира и да поставува дополнителни прашања.
- На прес-конференција, координаторката на советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска, оцени дека станува збор за „нов изум“ со кој се уништува демократијата и се замолчува опозицијата.