Превентивна акција во Кочани: Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата
- Во насока на унапредување на сообраќајната култура и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општина Кочани и ОВР Кочани денеска реализираа превентивна акција под мотото „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“.