Омбудсманот со порака: Училиштето да биде место каде детето ќе се чувствува безбедно, прифатено и почитувано
- Народниот правобранител по повод почетокот на новата учебна година упати порака: ниедно дете не смее да биде заборавено, занемарено или оставено само, образованието е право на секое дете, а создавањето услови тоа право да биде остварено е заедничка одговорност на сите нас.