Измени на закон за трансплантација: Граѓаните ќе можат кај матичниот лекар да потпишат изјава за согласност за органдонорство
- Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта.