Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап на тема: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
Macedonia 3 извори
Кратко
- Настанот го организира Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија и Зета – Организација за попреченост и правда.
- На настанот воведни обраќања ќе имаат Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” и Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружение на слепи и лица со оштетен вид Скопје.
- Во рамки на настанот предвидено е да се обратат и Беира Салифоска од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Кети Петреска од Сојузот на слепи на Република Северна Македонија.
Извори
- Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап на тема: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“ brif.mk
- Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап на тема: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“ setaliste.mk
- Од бел стап до пристапен град: Во Собранието дебата за правата на слепите лица press24.mk
Ова е архивирана верзија на веста.