DAY.MK

ЛДП: НЕ за субвенционирање на гориво за соседите, ДА за поврат на ДДВ за македонските граѓани и бизниси

Macedonia 4 извори

Кратко

  • Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение бара Владата да го разгледа нивниот предлог за поврат на ДДВ за горивото, наместо, како што велат од партијата, да се насочуваат јавни средства кон субвенционирање на граѓани кои гориво купуваат во соседните држави.
  • Потсетуваме на нашиот предлог за поврат на ДДВ за скапото гориво, како конкретна и директна мерка за финансиско олеснување на граѓаните и домашните компании.
  • Наместо да се субвенционираат граѓаните кои точат гориво од соседните држави, Владата јавните средства треба да ги насочи кон оние на кои им се најпотребни: македонските граѓани, превозниците, транспортерите, шпедитерите и домашниот бизнис“, наведуваат од ЛДП.

Извори

Ова е архивирана верзија на веста.