DAY.MK

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто

Macedonia 7 извори

Кратко

  • Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што се запленети околу два тони небезбедна храна од различен вид.
  • Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет.
  • Запленетата храна е отстранета од промет и нештетно уништена, а надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности.

Извори

Ова е архивирана верзија на веста.