Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе
Macedonia 3 извори
Кратко
- Средбите беа организирани на маргините на дводневната Регионална експертска средба посветена на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заштитата на странските жртви на трговија со луѓе во Западниот Балкан што се одржува во Скопје, под покровителство на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ).
- На средбите беа разменети искуства и информации во однос на конкретни постапки со сомненија за трговија со луѓе во кои осомничени или жртви доаѓаат од јужноамериканските држави.
- Исто така, беше договорена и натамошна директна соработка и испитување на можностите за потпишување меморандуми со кои дополнително ќе се развијат каналите за размена на информации со јавните обвинителства во овие земји со цел ефикасен прогон на меѓународниот криминал.
Извори
- ЈО: Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе press24.mk
- Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе makfax.com.mk
- Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе 24info.mk
Ова е архивирана верзија на веста.