DAY.MK

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола

Macedonia 6 извори

Кратко

  • Одлуката е донесена на 53. седница на Советот на јавните обвинители, одржана на 13 октомври, откако Основниот кривичен суд Скопје го известил Советот дека против Везировски е определена мерка на претпазливост со која му се забранува преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно активности на неговото работно место.
  • Поранешниот претседател на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, е назначен за вршител на должноста виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везировски, против кого е поведена постапка под сомнение за примање награда за противзаконито влијание.
  • Поради ваквата состојба, Советот одлучи да донесе одлука за назначување на јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола, Антонио Јолевски, за в. д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола“, се вели во соопштението од Советот на јавните обвинители.

Извори

Ова е архивирана верзија на веста.