Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
Macedonia 5 извори
Кратко
- Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека како резултат на успешна координирана истрага меѓу МВР и Федералното истражно биро (ФБИ), е откриен администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал.
- Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е. А. од Голема Речица, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Компјутерска измама, Злоупотреба на лични податоци и Производство и дистрибуција на детска порнографија.
- Оваа операција претставува прва заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ, потврдувајќи го значењето на меѓународната полициска соработка во откривањето и сузбивањето на современите форми на организиран компјутерски криминал.
Извори
- Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, кривична пријава против 20-годишник од Тетовско emagazin.mk
- Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци a1on.mk
- Успешна заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, кривична пријава против 20-годишник од Тетовско mk.tv21.tv
- МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник од Тетовско, разбиен пазар за продажба на украдени податоци plusinfo.mk
- Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, кривична пријава против 20-годишник од Тетовско libertas.mk
Ова е архивирана верзија на веста.