Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но системот и правдата фунцкионираат, истакна Јаневска
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека МВР и повеќе негови сектори вчера презеле акција по индиции за прекршување на законот од страна на вработен на Универзитетот во Штип.
- Лицето се сомничи дека спротивно на законот вршело одредени дејства за корекција на оценки на студенти на Универзитетот за што постојат соодветни докази што му даваат право на МВР, по наредба на Јавното обвинителство, да ги преземе чекорите што ги презеде.
- Лицето е откриено, се води истрага и ќе ги сноси сите последици за незаконските активности што ги презело, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, коментирајќи ја истрагата што МВР вчера ја отвори против вработен на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип поради сомневања за манипулации со оценки и испитни бодови.
Извори
- Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но системот и правдата фунцкионираат, истакна Јаневска
Извор: novamakedonija.com.mk
- ЈАНЕВСКА ЗА ИСТРАГАТА ВО УГД ШТИП: Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но битно е дека МВР и правдата функционираат
Извор: denesen.mk
- Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, битно е дека МВР и правдата функционираат
Извор: netpress.com.mk