„Здравјето на сограѓаните ни е приоритет пред профитот“: Кожувчанка реагира – СДСМ манипулира
- Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари.
- Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија, велат од компанијата.
- Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна“, велат од компанијата.
Извори
-
„Кожувчанка“: Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка ја преземаме на свој товар
Извор: faktor.mk
-
„Кожувчанка“: На тендерот за вода во Гостивар понудивме двојно пониска цена – разликата на наш товар како гест за општествена одговорност
Извор: makfax.com.mk
-
„Здравјето на сограѓаните ни е приоритет пред профитот“: Кожувчанка реагира – СДСМ манипулира
Извор: kurir.mk