Петмина приведени за семејно насилство
- Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 15:40 часот го лишиле од слобода В. Л. од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал.
- Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И. И. од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 8 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал.
- во 23:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека во 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 35-годишен сопруг, при што му возвратила.
Извори
-
Тројца лишени од слобода од пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, татковци, браќа и партнери напаѓале со дрвени и тврди предмети
Извор: press24.mk
-
Петмина приведени за семејно насилство
Извор: republika.mk