Узурпирал плажа во Охрид заштитена од УНЕСКО и ангажирал работници да изградат мост
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б. Б. од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
- Тој неовластено заземал катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.