Серафимовски: Со дијалог и заеднички мерки до посилно македонско пчеларство
- Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање соодветни политики.
- На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција – соопшти Серафимовски на Фејсбук.