DAY.MK

Силно невреме ја зафати Грција: Поплавени објекти, прекини во струјата и забрана за испловување фериботи

Balkan 4 извори

Кратко

  • Атина – Силно невреме денеска зафати голем дел од Грција, при што се поплавени улици, продавници и домови, прекината е струјата на повеќе острови и е забрането испловување на фериботите, објавија грчките медиуми.
  • Цивилната заштита го прогласи највисокото ниво на тревога за островската група Споради, туристичкиот остров Крит и областа Атика, во која се наоѓа главниот град Атина.
  • Според државната метеоролошка служба ЕМИ, невремето и обилните врнежи се очекува да продолжат во текот на целиот ден, како и во текот на ноќта на Крит.

Извори

Ова е архивирана верзија на веста.